Министерство за труд и социјална политика ги известува пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно.
Министерството известува дека со исплатата на пензијата за август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето пандемија во државата и донесените мерки за заштита од коронавирусот.
„За време на траењето на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската банкарска асоцијација (МБА), ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на први во месецот директно од буџетот на државата“, велат од МТСП.
Можеби ќе ве интересира: