МВР објави листа на физички и правни лица на кои не може да им се достават решенија за прекршоци

mvr lista

Министерството за внатрешни работи на својата веб страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци.

Zito akcija 640x289px

„Се повикуваат овие физички и правни лица, во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 населба Лисиче (до Трговскиот центар)-Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 8:30-16:30 часот, на кои согласно член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, доколку не се задоволни од донесеното решение ќе можат да поведат управен спор пред Управниот суд“, се вели во објавата на веб страната на МВР.

Agria

Доколку лицата не се јават, додаваат, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/6658/video-priveden-policziski-nachalnik-vo-veles-omalovazhuval-i-se-zakanuval-na-policzajczi/