
МВР денеска објави јавен оглас за вработување на 600 полициски службеници согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти.
Отворени се работни места во повеќе сектори, и тоа: во Сектор за внатрешни работи Скопје се бараат 100 полицајци, во Секторите за внатрешни работи Струмица, Охрид, Битола и Куманово, како и во Регионален центар за гранични работи Север се бараат 50 полицајци.
По триесет полициски службеници ќе бидат вработени во Секторите за внатрешни работи Велес, Тетово, и Штип, како и во Одделот за заштита на определени личности и објекти и во Единицата за брзо распоредување, а дваесет полицајци ќе бидат вработени во Регионалниот центар за гранични работи Исток и во Единицата за специјални задачи.
По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.
Сите потребни услови и документи се достапни на следниот линк: mvr.gov.mk
Moжеби ќе ве интересира:
