Македонската полиција лиши од слобоaд криминалец од соседна Бугарија кој е меѓу најбараните во Европа, велат од МВР.
Бугарскиот државјанин П.И.М кој е на возраст од Шеесет и три години е уапсен вчера на подрачјето на скопската населба Центар. По него била распишана меѓународна потерница од Интерпол Софија.
П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол.
Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и спроведено во КПУ Затвор Скопје.
Можеби ќе ве интересира: