Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август 2021 година заклучно со 13 јануари 2022 година.
За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 6.8.2021 до 13.1.2022 година на територија на државата 85.593 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 37% биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица.Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.
Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.
Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 340 лица, a од нив 19% се вакцинирани, 81% не се вакцинирани. Изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден, од болница.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.8.2021 до 13.1.2022 година 78% од починатите лица со ковид, биле невакцинирани, а само 22% примиле вакцина.Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација и апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARSKоV2.
Можеби ќе ве интересира:
Двајца пациенти починати од ковид-19 во велешката болница