МЗ: Семејство одлучи да ги донира органите од својот близок, млад пациент доби срце

Transplantacija na srce
Transplantacija na srce

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информираше дека храброто семејството на покојниот одлучило да ги донира органите од својот близок .

Agria

„По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега“, велат од Министерството.

Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.

“Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.
И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат“, велат од Министерството.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: