
Мобилната единица за безбедност во сообраќајот во вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 64 возачи. 24 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица за дури над 70 километри на час над дозволената.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Можеби ќе ве интересира:
