
За време на радарска контрола на сообраќајната полиција од 14 до 20 часот на скопската обиколница и на автопатот Скопје – Велес изречени им се казни на 79 возачи за многу брзо возење.
Како што информира МВР, 62 возачи возеле со брзина од 50 километри на час над пропишаната, а 17 возачи возеле со брзина од 70 километри на час над дозволената, односно блиску и над 200 километри на час. За брзо возење казнети се и возачи на патиштата кај Тетово и Гостивар.
МВР информира дека во истиот временски период санкционирани се 63 возачи, од кои 39 на територија на Тетово, а 24 на територија на Гостивар. Според радарската контрола, 52 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а осум за дури над 70 километри на час над дозволената.
МВР предупредува дека продолжува со засилените сообраќајни контроли и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.