Скокаат цените на млечните производи, бензините до плафон. Нов бран поскапувања ги дочека граѓаните денеска. Млекото, јогуртот, киселото млеко, сирењето, кашкавалот, павлаката се зголемуваат од 5, па дури до 30 денари.
Содржината продолжува под рекламата
Јогуртот од 80 оди на 90, кравјиот кашкавал од 500, поскапува на 600, кравјото сирење се продава за 400 денари за килограм, а за овчото ќе дадете 100 денари повеќе. Граѓаните се жалат и на скапото овошје и зеленчук.
Содржината продолжува под рекламата
Заедно со храната, денеска поскапеа и горивата за нови денар и половина, па се движат кон границата од евро ипол за литар. И додека поскапувања има секој ден, Владата тврди – инфлацијата се намалува. Универзитетскиот професор Зоран Ивановски вели дека тоа е така, оти Владата за репер ја зема минатата година, кога цените екстремно скокнаа, па овие поскапувања на хартија изгледаат помали.
Падот на цените на храната на светските берзи не им одговара на домашните производители, кои не можат да бидат конкурентни. Потребна е сосема нова стратегија, вели професорот Ивановски, кој и како економист, но и како граѓанин е загрижен за спиралата од поскапувања кои ја зафатија земјава. Растот на платите не може да го следи растот на цените, па граѓаните се повеќе ќе осиромашуваат. Затоа, потребно е зголемување на продуктивноста, смета тој.
И додека поскапувањата на млечните производи траат, од Здружението на производители и преработувачи на млеко и млечни производи одбија да ги коментираат новите цени. Во исто време, земјава ја зафаќа бран социјални протести за повисоки плати и пензии. Во меѓувреме, функционерите веќе четири месеци земаат плати, посоки за 78 проценти.
Можеби ќе ве интересира: