Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе го предводи велешанецот Слободан Трендафилов. Трендафилов беше избран за нов претседател на ССМ на вчерашниот Конгрес што се одржа во Скопје, како единствен кандидат за претседателското место на Сојузот.
Содржината продолжува под рекламата
Конгресот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон прерано починатиот претседател на ССМ Дарко Димовски и неговите заложби за синдикалното делување.
Содржината продолжува под рекламата
Димовски беше избран за претседател на ССМ во декември 2017, а претходно беше претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).
Можеби ќе ве интересира: