На граничниот премин Табановце утринава за влез и излез од земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека од 40 минути до еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Ова е втор ден по ред како патниците се соочуваат со поголеми задржувања, особено на излез кон Грција. На останатите гранични премини нема подолги чекања, велат од АМСМ.
Зголемена фреквенција на возила се бележи и на патиштата низ земјата, што се должи на летните одмори и дополнителниот слободен ден од продолжениот викенд.