На граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата се чека околу еден час

avtopat
avtopat

На граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Затворени за сообраќај поради асфалтирање, денеска ќе бидат делницата Велес – Градко во периодот од 08:00 – 18:00 часот, и Демир Капија – Давидово во период од 10:00 – 16:00 часот. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: