На инфективно хоспитализиран 29-годишен велешанец со потешки симптоми на ковид-19

infektivno veles
infektivno veles

И покрај големиот број заразени велешани, регистрирани вчера, нема зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти на инфективното одделение во велешката болница. Денеска таму се лекуваат 43 пациенти, од кои 40 имаат позитивен тест на коронавирус, а тројца се водат како сомнителни случаи. Од нив, 11 имаат потешки симптоми и добиваат кислородна поддршка.

Zito akcija 640x289px

Синоќа на одделението е хиспитализирано 29-годишно момче од Велес со потешки симптоми на ковид-19, но неговата состојба денеска е добра.

Agria

Вчера Велес урна уште еден црн рекорд кога беа регистрирани 82 новозаразени. Со нив, во моментов во Велес има 337 активни случаи. За само три дена во Велес се регистрирани 173 новоинфицирани, со што бројот на вкупно инфицираните од почетокот на пандемијата досега изнесува 719. Од нив, повеќе од половина или точно 397 граѓани се заразија само во тековниов месец октомври. За десетина дена во велешката болница починаа 15 пациенти, а вкупниот број починати е 29 велешани.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: