На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу 40 до 60 минути, а на граничниот премин Богородица околу 20 до 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Во земјава, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Содржината продолжива под рекламата
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Можеби ќе ве интересира: