Над 2000 нови случаи регистрирани во последното деноноќие, двајца велешани починаа

Bolnica Veles Oktomvri 2021
Bolnica Veles Oktomvri 2021

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на Ковид-19 во:

Zito akcija 640x289px

Скопје – 1.047, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово – 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47, Кочани – 42, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 37, Струмица – 33, Кичево и Ресен по 28, Охрид, Берово и Валандово по 25, Делчево – 24, Штип – 22, Струга и Радовиш по 21, Свети Николе – 14, Крушево и Демир Хисар по 11, Богданци – 10, Крива Паланка – 9, Македонска Каменица – 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево по 6, Виница и Македонски Брод по 3 и по двајца заразени во Демир Капија и Дојран.

Agria

Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.

Во текот на изминатoто деноноќие пријавени се и 9 смртни случаи:

четворица починати од Скопје (66, 70, 85 и 91 година), двајца од Велес (54 и 89 години) и по едно починато лице од Гевгелија (59), Струга (86) и Делчево (61). Пријавените се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се две починати лица од Скопје на возраст од 84 и 88 години. Едното починато лице е пријавено на 5. јануари додека второто лице на 20. месецов. Пријавените  починале во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица (11), четири лица биле целосно вакцинирани.

Во текот на последните 24 часа регистрирани сe и 1.450 оздравени пациенти од: Скопје – 702, Битола- 158, Прилеп – 116, Куманово – 55, Кавадарци – 48, Охрид – 33, Штип – 30, Велес – 28, Струмица – 27, Радовиш – 26, Валандово – 24, Гевгелија – 23, Тетово – 21, Гостивар и Кичево по 19, Ресен – 16, Кочани, Неготино и Крушево по 14, Свети Николе – 12, Берово и Пробиштип по 8, Струга и Крива Паланка по 7, Богданци – 4, Пехчево и Демир Капија по 3, Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен од Делчево, Дебар и Дојран.

Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: