Најголем раст на заразени од коронавирусот во Црна Гора

crna-gora-more-265395
crna-gora-more-265395

Институтот за јавно здравје во Црна Гора потврди 57 нови случаи на инфекција со Ковид-19, што е најголемиот дневен број од почетокот на вториот бран на епидемијата, на 14 јуни.

Во последните три недели во земјата од коронавирусот се заразиле 396 лица, од кои четворица починале, а двајца се во состојба опасна по живот, објави Клиничкиот центар во Подгорица.

Agria

Во првиот бран, кој траеше од средината на март до почетокот на мај, имало 324 заразени.

Црна Гора беше прва земја во Европа која се прогласи за дестинација без корона, но по 42 дена без нови случаи, вирусот го донесоа граѓани кои по престојот во Србија се вратиле во земјата преку Босна и Херцеговина.

Тие избегнале карантин така што кај граничната полиција не пријавиле дека престојувале во Белград, на фудбалскиот натпревар меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда.

На 1 јуни, црногорската владата ги отвори границите кон сите држави кои имаа број на активни случаи помал од 25 на 100.000 жители, но на оваа листа не беше соседната Србија.

Извор: makfax

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: