Од 1 декември годинава, најлонските кеси ќе се наплатуваат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината. За средствата од продадените најлонски кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.
Ова доаѓа откако Собранието на РСМ беа усвоени Законот за управување со отпадот, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Гласањето за овие четири закони следи откако во август годинава од пратениците беа донесени Законот за управување со батерии, акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.
Содржината продолжува под рекламата
Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија.
Можеби ќе ве интересира: