Српскиот претседател Александар Вучиќ, по состанокот со директорите на ковид болниците во Белград рече и покрај зголемениот број на лица заразени со коронавирус, нема да бидат воведени нови, ригорозни епидемиолошки мерки, но дека ќе има строга контрола на оние што веќе се во сила.
„Ние денеска не презедовме мерки, тоа им го препуштивме на штабот на професионалните лица … Се занимававме со помагање на тие луѓе во спроведувањето на мерките. Строго ќе санкционираме, но нема нови мерки, но строго ќе ги санкционираме оние што не ги почитуваат мерките“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател кажа дека денешниот ден е со најмногу заразени во едно деноноќие од почетокот на епидемијата, со повеќе од 1.200 новоинфицирани лица.
“Во 12 часот беа 1.195, од кои 602 беа во Белград, така што повеќе од 50 отсто сè во Белград“, рече Вучиќ.
Можеби ќе ве интересира: