61-годишниот Ј.Ј. вчера нападнал 37-годишна велешанка, вработена во продавница во Велес. Инцидентот се случил околу 14 часот, додека продавачката била на работа, соопшти полицијата.
„На 14.02.2021 14.00 часот во СВР Велес, П.Ѓ.(37), вработена во продавница во Велес, пријавила дека била физички нападната на работното место од Ј.Ј.(61)“, објасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: