Моторџија настрада во сообраќајна несреќа, која се случи синоќа околу 23 часот на семафорите во Велес. Итната медицинска помош, која била повикана веднаш, пристигнала за кратко време и повредениот е згрижен и транспортиран во болница.
Засега не се познати причините како дошло до несреќата, ниту каква е здравствената состојба на моторциклистот.
Сообраќајот се одвиваше отежнато по само едно лента, бидејќи полицијата во вршеше увид на местото на несреќата.
Повеќе информации за здравствената состојба на повредениот ќе имаме во текот на утрешниот ден.
Инаку, денес ова е втора сообраќајна незгода во Велес во еден ден. Попладнето во центарот на градот, пред јаворот на С’рмаале се судрија четирицикл и мопед, а возачите за среќа поминаа само со полесни повреди.
Можеби ќе ве интересира: