
Инцидент се случи на натпревар од третата фудбалска лига во Македонија, откако главниот судија на натпреварот бил натепан од три лица. Судијата имал задача да го суди напреварот помеѓу екипите на Кравари и Лирија.
Во билтенот на МВР стои дека на 11 октмоври во 18.00 часот во Полициско одделение Велушница-Битола, А.С.(41) од с. Дрслајца, струшко, инаку фудбалски судија, пријавил дека околу 15.45 часот во с.Кравари, на фудбалски натпревар, бил физички нападнат од А.Р. (25) од Битола, Ј.Ќ. (23) и А.М. (32), двајцата од с.Грнчари, ресенско.
Истовремено има и пријава од Ј.Ќ. кој пријавил дека додека бил во прекин фудбалскиот натпревар во с.Кравари, бил физички нападнат од Г.Л.(43) од Струга, инаку помошник фудбалски судија.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на инцидентот.
Можеби ќе ве интересира: