Натпеварот Борец Атлетико не го дочека својот крај, гостинките пристигнаа само со седум фудбалерки

Натпреварот помеѓу помеѓу ЖФК Борец и ЖФК Атлетико од 18-тото коло на Првата женска фудбалска лига не го дочека својот крај, откако беше прекинат во 28 минута при резултат 4:0 за домашната екипа.

Zito akcija 640x289px

Гостинките од Битола, во Велес допатуваа со задоцнување од половина час и тоа само со седум фудбалерки, со колку минимум може да се игра официјален натпревар. Во 26 минута од напреварот при резултат 4:0 за велешанки,една од гостинските фудбалерки иако немаше никој околу неа падна и се жалеше на повреда, излезе од терен а бидејќи гостинките немаа замена, судијката отсвири крај.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По 18 одиграни кола Борец се наоѓа на 4 место со освоени 36 бода, седум помалку од лидерот на табелата Љуботен, кај кого и гостуваат во следното коло. Претходно во среда треба да го одиграат полуфиналниот дуел од Купот на Македонија против екипата на Каменица Саса.

Можеби ќе ве интересира :

https://batali.net/29699/policzijata-so-zasileni-kontroli-na-avtopatot-kumanovo-skopje-veles-registrirani-106-prekrshoczi/