
Викендов ќе се одигра натпреварот на сезоната за кошаркарите на Борец Баскет. За да се бори за место во елитата, овој викенд велешкиот второлигаш треба да биде подобар од екипата на Шкупи, или да чека пораз на екипата од Каменица на гостувањето кај Струмица (8-9).
Победа на Баскет КАМ во Струмица, и пораз на Борец Баскет од Шкупи ги води кошаркарите од Каменица на позицијата број 4 поради подобриот меѓусебен двомеч, последната која води во доигрувањето за место во елитата.
Натпреварот Борец Баскет – Шкупи ќе се одигра во сабота на 17.04.2021 година, со почеток од 14 часот, и истиот може да го проследите во живо на фејсбук страната на batali.net.
Можеби ќе ве интересира: