НБА сезоната продолжува

NBA

НБА лигата ќе продолжи. Додуша, се уште не е познато точно кога, но по вчерашните состаноци беше одлучено тие да продолжат да играат.

Zito akcija 640x289px

Претседателот на Унијата на играчи од НБА, Крис Пол и потпретседателот Андре Игудала ги убедија играчите да продолжат со плејофот.

Agria

На состанокот на сопственици на клубови, кои дополнително се загрижени за финансиските последици од прекинот на сезоната, се истакна Мајкл Џордан, единствениот црнец меѓу сопствениците на 30 НБА клубови. Како сопственик на Шарлот Хорнетс и поранешен кошаркар, тој би можел да се идентификува со обете страни, па затоа се стави во улога на медијатор, гласот на разумот, за да помогне во смирување на ситуацијата.

Во средата, екипите ги бојкотираа трите натпревари од првото коло во плеј-офот, поради  инцидентот на полицаец во Висконсин кој застрела едно лице со црна боја на кожата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11062/zaboravete-na-fejk-nuz-podgotvete-se-za-dipfejk/