Судиската организација во Фудбалската федерација на Македонија го назначи Ндерим Тефику од Куманово за делител на правдата на натпреварот помеѓу Борец и Беласица од 23 коло во Првата македонска фудбалска лига. Помошници ќе бидат неговите сограѓани Мартин Петковски и Бојан Андевски.
На останатите натпревари делители на правдата ќе бидат:
Работнички – Академија Пандев (Јован Качевски – Струга)
Шкупи – Вардар (Игор Стојчевски – Скопје)
Шкендија – Пелистер (Александар Грујоски – Кичево)
Струга ТЛ – Ренова (Александар Ставрев – Скопје)
Македонија Ѓорче Петров – Силекс (Крумислав Ѓоргиев – Штип)
Колото ќе го отворат во сабота Работнички и Академија Пандев, а останатите натпревари од ова коло се играат во недела, со почеток од 15:00 часот.
Можеби ќе ве интересира: