Полицијата трага по Нефи Усеини и неговиот брат откако охридскиот суд им одреди мерка притвор во траење од осум дена. Двајцата се осомничени за насилство врз нивни сограѓанин по инцидент што завчера се случил пред познат хотел во Охрид.
Според соопштението од СВР – Охрид, станува збор за Усеини и неговиот брат Ибраим (48), како осомничени сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.
Очевидци, гости на хотелот за sdk.mk завчера по тепачката кажаа дека Усеини заедно со неколку лица претпладнето го нападнал С.Т. на паркингот, а потоа тепачката продолжила и внатре во хотелот, кој бил полн со гости. Гостите во паника бегале за да не настрадаат во тепачката, се криеле зад шанкот и рецепцијата, па што вратените повикале полиција. Како што кажуваат очевидци, низ целиот хотел имало траги од крв.
Полицијата по наредба на Јавен обвинител извршила и претрес во домовите на двајцата осомничени, како и оти се спроведуваат мерки за нивно пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: