Негувателка од велешката детска градинка „Димче Мирчев“ е заразена со коронавирус. Таа е една од петте нови случаи, регистрирани во последните 24 часа.
Негувателката во моментов се наоѓа во странство, а интересно е што пред да замине, направила тест, кој бил негативен, со што и ја поминала границата. Подоцна, приватната лабораторија која кој го правела тестот, во Министерството за здравство го пријавила како позитивен, па Центарот за јавно здравје од Велес веднаш стапил во контакт со негувателката и ја информирал за новиот момент.
Поради овој случај, пет деца од градинката, со кои негувателката била во контакт и нејзина колешка се ставени во изолација. Негувателката е вработена во објект број 3, во градинката на кафеаната Кај Даце.
Можеби ќе ве интересира: