Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, триесет и две минути по полноќ регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во епицентралното подрачје Преспа, со Рихтерова локална магнитуда 3.8 степени.
Содржината продолжува под рекламата
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степениспоред Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.
Содржината продолжува под рекламата
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар по овој земјотрес регистрирани се уште два во овој регион, едниот со јачина од 3, а другиот со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала, а се случиле во 1:31 часот и 1:33 часот.
Можеби ќе ве интересира: