Нема дополнителни мерки, одлучи Комисијата за заразни болести

Kovid so maski
Kovid so maski

Иако бројот на новозарзени со Ковид – 19 е во постојан пораст Комисијата за заразни болести нема да препорача дополнителни мерки, но од следната недела во Скопје почнуваат со работа пет нив ковид – амбуланти.

Zito akcija 640x289px

Доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести извести дека на денешниот состанок заклучиле дека болничките капацитети за ковид – пациенти не се оптоварени, се наоѓаме во зелена зона и состојбата е стабилна, но големо оптоварување има кај матичните лекари.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: