Нема нови рестриктивни мерки за новогодишните празници

Venko-Filipce
Venko-Filipce

Министерот за здравство, Венко Филипче не гледа причина за дополнителни мерки и ограничувања за време на Новогодишните празници. Во изјава за медиумите тој денеска рече дека поголеми собири има и овие денови и оти специјално за Нова Година не се предвидуваат дополнителни мерки.

Zito akcija 640x289px

“Мерките засега се добри. Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на Новогодишните празници сметам дека се доволно со оглед на тоа што такви собири на јавни места има насекаде. Ќе се достигне кулминација за време на новогодишните празници, а сега е прилично мирна состојбата. Не гледам зошто, специфично само за новогодишните празници, би правеле некаква рестрикција”, рече Филипче.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: