Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа повторно нема ниту нов случај на коронавирусот, нема ниту оздравени пациенти . Само двајца велешани се во статистиката на активни случаи.
Во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 9, Куманово и Прилеп – по 3, Струмица и Кичево – по 2, Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш – по 1.
Регистрирани се 32 оздравени пациенти, пријавени се вкупно четири починати лица: 3 лица од Скопје (76г,76г и 77г) и едно лице од Куманово (71г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451.
Можеби ќе ве интересира: