Нема починат велешанец во последните 24 часа, бројот на нови заразени пациенти значително намален

nova fotka Bolnica Veles 997x485
nova fotka Bolnica Veles 997x485

Двајца велешани се позитивни на коронавирус во последните 24 часа. Тие се дел од 284 нови случаи со ковид-19 во земјава во последното деноноќие, кои ги регистрира Министерството за здравство. Во истиот период се направени и 1258 тестирања.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови ширум земјава е следна:

Agria

Скопје 152 -Кавадарци 29 -Прилеп 21 -Кочани 17 -Штип 10 -Неготино 7 -Куманово и Охрид по 6 -Тетово и Гевгелија по 5 -Демир Капија 4 -Гостивар и Струмица по 3 -Велес, Струга, Свети Николе и Берово по 2 -Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово по 1.

Пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52 – 93 години и тоа:

8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 449 оздравени пациенти од:

Скопје 192-Прилеп 38 -Кавадарци 36 -Куманово 20 -Штип 17 -Струмица 16 -Велес и Богданци по 15 -Гевгелија, Гостивар и Битола по 14 -Крива Паланка 13 -Неготино и Тетово по 11 -Кочани 6 -Свети Николе 4-Кратово 3 -Делчево и Крушево по 2 -Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран по 1.

Досега во Македонија се направени вкупно 567.441 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: