Нема регистриран нов случај на Ковид-19 во Велес

kruzen tek Veles nova slika
kruzen tek Veles nova slika

Пациент од Велес на 80 годишна возраст ја загуби битката со коронавурусот. Во ковид статистиката на Министерсвото за здравство, во последните 24 часа во Велес нема регистрирано нов случај на коронавирус, а се регистрирани петмина оздравени. Активниот број на случаи во градот е 15.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-1 од: Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.

Agria

Регистрирани се 90 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 10 починати лица: 3 лица од Скопје (70г,65г,56г), 2 лица од Куманово (69г и 57г) и по едно лице од Тетово (68г), Велес (80г), Кочани (71г), Дебар (57г) и Крушево (67г). Сите 10 лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: