Нема заразен велешанец со ковид-19 во изминатите 24 часа

Veles crkva
Veles crkva

Само 106 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа од направени 761 тестирање. Во изминатото деноќие на територија на градот Велес според Министерството за здравство нема регистрирани пациент заразен со Ковид-19, но има регистрирано 20 оздравени пациенти.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови изгледа е вака:

Agria

Скопје 72-Куманово 4-Штип 2-Прилеп 5-Тетово 3-Битола 1-Кавадарци 4-Гостивар 6-Струмица 5-Радовиш 1-Кочани 1-Берово 1-Ресен 1.

Починати се 20 лица, четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г).

Пациентите се починати во болнички услови.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти од:

Скопје 230-Куманово 24-Дебар 5-Штип 18-Прилеп 51-Тетово 8-Струга 30-Велес 20-Битола 26-Охрид 54-Кавадарци 27-Гостивар 14-Гевгелија 11-Струмица 8-Радовиш 8-Кочани 10-Пробиштип 5-Демир Хисар 2-Македонски Брод 2-Пехчево 7-Берово 4-Виница 2-Кратово 3-Свети Николе 4-Кичево 7-Ресен 3-Неготино 20.

Досега во Македонија се направени вкупно 405.108 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532, на починати е 2550, а бројот на активни случаи изнесува 18047.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: