Новинари на српската новинска агенција Бета се вчера на протест се повредени и се пренесени во Ургентниот центар во Белград.
Двајцата новинари се донесени во Ургентниот центар со возило на итнаната медицинска помош, поради повреди здобиени за време на протестот што се одржа на платото пред српскиот Парламент.
Владимир Шкундриќ, син на Петар Шкундриќ, поранешен министер за рударство и енергетика и близок соработник на Ивица Дачиќ, беше уапсен синоќа, откако заедно со толпата демонстранти се обидоа да влезат во српскиот Парламент, пренесува „Блиц”, повикувајќи се на информирани извори.
Шкундриќ беше уапсен заедно со група хулигани кои искршија прозорци на зградата на Собранието. Тој на себе имаше маска и безбол палка, пренесува „Блиц”.
Тој веднаш и кажал на полицијата дека е син на Петар Шкундриќ, кој е висок функционер на Социјалистичката партија на Србија и поранешен советник на Ивица Дачиќ, изјави изворот.
Извор: LIBERTAS.MK
Можеби ќе ве интересира: