Немири во Холандија, полицијата рани двајца демонстранти

Холандската полиција застрела и рани најмалку две лица по немирите кои избија во Ротердам поради новите епидемиолошки мерки. Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства кон полицијата и запалија полициски возила, јавува Би-Би-Си. Стотици демонстранти се собраа против воведување сертификати за КОВИД и забрана за огномет на новогодишната ноќ.

Zito akcija 640x289px

Холандија минатата недела воведе карантин поради зголемување на бројот на заразени, што ќе биде на сила три недели. Седум лица беа повредени, а најмалку 20 демонстранти беа уапсени поради, како што рече градоначалникот на Ротердам „оргијата на насилство“.

Agria

„Пукавме предупредувачки истрели, а имаше и директни бидејќи ситуацијата беше опасна по живот“, изјави за Ројтерс портпаролката на полицијата Патриша Веселс.

„Знаеме дека најмалку две лица се повредени, веројатно како резултат на предупредувачки истрел, но треба дополнително да ја истражиме точната причина“, рече таа. Подоцна беше пријавено дека се повредени полицајци.

Новинската агенција ДПА објави дека најмалку седум лица се повредени и дека десетици се уапсени.

Во градот е прогласена вонредна состојба. Полицијата издаде итна наредба во Ротердам и го прекина јавниот превоз и им нареди на луѓето да останат дома. Беа употребени водени топови, а полицијата на коњи ја растера толпата.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат запалени полициски автомобили и демонстранти кои фрлаат камења кон полицијата. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: