Нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно време низ поголемиот дел од земјата, со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, во одредени подрачја се предвидува и невреме, со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град на изолирани места.

Температурите наутро ќе се движат од 7 до 14 степени Целзиусови, додека дневните максимални ќе достигнат од 16 до 28 степени.

Agria

Во Велес се очекува слично време – променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи и грмежи. Во делови од велешката котлина можни се поројни дождови, засилен ветер и краткотрајно невреме со појава на град. Температурата  ќе се движи меѓу 13 и 28 степени.

УХМР апелира до граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено и да ги следат најновите временски извештаи, особено во подрачја каде постои ризик од екстремни временски услови.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: