Невен Клеут најдобар во спринт К1, ККК Арка Борец екипно повторно најдобри

Evropski kup sprint Veles 2025

Вчера Велес беше домаќин на второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст, каде што учествуваа најдобрите кајакари од Југоисточна Европа. Натпреварите се одржаа на реката Вардар, каде што природните услови и солидната организација овозможија возбудливи трки и врвни резултати.

Zito akcija 640x289px

Во дисциплината спринт, во К1 сениори победи Невен Клеут од Србија, пред Љубомир Спасиќ од Македонија, додека третото место го поделија Јосип Слошњак и Александар Златаров. Во јуниорската К1 категорија, победата му припадна на Илија Клеут, додека кај Ц1 сениорите најдобар беше Павле Здравкович. Во Ц2 категоријата доминираа Јанко Пресечки и Јосип Слошњак.

Agria

Меѓу жените, Ксенија Плазинич (СРБ) беше најбрза кај сениорките, а Уна Лукич повторно доминираше кај јуниорките. Младите натпреварувачи Андреј Апостолов и Тамара Драшкович се издвоија со златни медали во У14 категориите, а кај најмладите (У12), Павле Лукич беше најдобар.

Велешкиот тим на ККК Арка Борец доминираше и на вчерашното второ коло во Европскиот куп, во категорија спринт освојувајќи најмногу бодови во екипна конкуренција.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: