Судот во Велес во текот на вчерашниот ден му одреди 30 дневен притвор на Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд, но потрагата на полицијата по него засега е без успех.
Панчевски вчера не се појавил на рочиштето во судот, а не бил присутен ниту неговиот бранител.
Од МВР потврдија дека се уште неможат да го лоцираат, односно дека потрагата по Панчевски е во тек. „Полицијата постапува по судска наредба за приведување на лицето В.П и во моментот кога ќе бидат создадени услови ќе биде лоциран истиот ќе биде приведен.Се трага на повеќе локации“, информираат од МВР.
Можеби ќе ве интересира: