Никој нема мнозинство: Како изгледа новиот состав на Советот на Општина Велес

opstina veles
opstina veles

Според резултатите објавени на веб страницата на ДИК, најмногу гласови за кандидатските листи за членови на Советот на Општина Велес доби ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обвнова на Македонија“ – 10.729, со што освои 11 советници. Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои 7.405 гласа, со што во Советот ќе ја претставуваат осум советници. Тројца советници обезбеди и Левица, откако освои 3.109 гласови, а последниот советник го даде ДУИ, кој на контото собра 1.017 гласови.

Zito akcija 640x289px

Според тоа, новиот состав на Советот на Општина Велес ќе изгледа вака:

ВМРО ДПМНЕ:
Зоран Љутков, Коста Нојков, Весна Атанасова, Нада Јованова, Дејан Палашев, Кирил Лазов, Драган Димески, Игор Стојанов, Менка Андреева, Елизабета Митревска Ангелеска, Даниел Јаневски.

СДСМ:
Марјанчо Николов, Катерина Ефремова, Тодор Јаковлевски, Милица Ристовска Темелковска, Кирил Гајдов, Ружица Петрушевска-Николовска, Менсур Бачевац, Пандорка Прличкова.

Левица:
Димитар Абрашев, Игор Смилев, Маргица Урумова.

ДУИ:
Невзат Муаремовски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Бидејќи Советот на Општина Велес има 23 советници, ниту една партија нема обезбедено мнозинство од најмалку 12 советници, што значи дека за тоа ќе решаваат советниците на Левица, но и советникот на ДУИ. Доколку сака ВМРО ДПМНЕ да има превласт, потребна му е коалиција и најмалку еден советник кој ќе ја поддржува. Доколку СДСМ сака да има мнозинство во Советот, ќе мора да се договори за коалиција и со Левица и со ДУИ.

Содржината продолжува под рекламата

Во моментов течат роковите за приговори до ДИК, по што треба да се соопштат и потврдат официјалните резултати од локалните избори за Велес, кои завршија во првиот круг.

Нов градоначалник на Велес е Марко Колев од ВМРО ДПМНЕ, кој освои 12.380 гласови или 51,6% од вкупниот број на гласачите кои гласале во Велес. Ненад Коциќ од СДСМ освои 7.789 гласови, Златко Арсов од Левица 2.314 гласови и Семир Алимов од Бошњачкиот демократски сојуз има 505 гласови. На овие локални избори беше забележана рекордно ниска излезност во Велес, која изнесуваше само 52,28%.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: