Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија рано утринава регистрираше два земјотреса 70 километри југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.
Содржината продолжува под рекламата
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресите се случија во 3 часот и 24 минути и 4 часот и 11 минути со соодветни Рихтерови локални магнитуди ML3.0 и ML2.1, и интензитети III-IV и II-III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресите беа почувствувани од населението во Штип и околината, информираат од ЦУК.
Можеби ќе ве интересира: