Нормализиран сообраќајот на патниот правец Велес – Градско

Odrono na pat Mak Kamenica Vinica

Нормализиран е сообраќајот на делницата Велес – Градско. ОД АМСМ информираат дека од 07:30 часот сообраќајот на патниот правец Велес – Градско е нормализиран.

Zito akcija 640x289px

Инаку ноќеска во 04:35 часот поради голем одрон во близина на поранешна фабрика Хив сообраќајот на патниот правец Велес – Градско беше во прекин.

Agria

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18996/aparat-vreden-60-iljadi-evra-dobi-veleshkata-bolnicza-kako-donaczija-od-ambasadorot-na-japonija-vo-makedonija/