„Носи кацига, вози внимателно“, превентивна активност на СВР Велес

Отсекот за превенција при СВР Велес, Одделението за полиција Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, заедно со РСБСП и мото клубови од Велес и Кавадарци на подрачјата на овие градови реализираа превентивна активност „Носи кацига, вози внимателно“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, а посебен акцент беше даден на носењето на кацига, како на возачите на мопеди или мотоцикли така и сопатниците, како и нејзиното значење за безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Членовите на мото клубовите ги споделија и нивните искуства, пред се на младите возачи на мопеди или мотоцикли, потенцирајќи ја важноста од носење кацига. За време на активноста беа поделени и едукативни летоци изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

Можеби ќе ве интересира: