Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Biogasna SAramzalino

Синовите на познатиот бизнисмен и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев – Огнен и Ангел го купија едно од најпознатите приватни друштва од Свети Николе и Овчеполието, фармата Ерџелија, која во иднина ќе биде претворена во земјоделско-енергетски комбинат и припоена кон биогасната електрана во Сарамзалино.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Огнен Анѓушев и Ангел Анѓушев, заедно со охриѓанецот Кирил Спасески, со чие семејство Кочо Анѓушев е во партнерски однос во инвестирањето во првата биогасна централа во Сарамзалино, од крајот на минатиот месец се нови сопственици на фармата, на местото на познатиот земјоделец Никола Петковски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од тимот кој го застапува Анѓушев во односите со јавност ни рекоа дека на земјиштето ќе продолжат инвестициите во примарната дејност, житни култури, но сега од нив ќе се прави погонско гориво во биогасната електрана, каде заедно со органскиот отпад ќе се прави електрична енергија од биогас.

„Сопственици на Ерџелија Полјоделство се 50 отсто Ангел и Огнен Анѓушеви и 50 отсто сопствениците на АСП-ПАК Охрид. Станува збор за земјоделска површина од 1.350 хектари, на која ќе се одгледува пченица, јачмен, ‘рж и пченка, за потребите на производство на силажа како гориво за биогасната електрана Сарамзалино, која произведува еколошка електрична енергија, а како нус продукти излегуваат хумус, органско ѓубриво и топла вода за оранжерии“, информираат од таму.

Во одговорот кој го добивме се додава дека за потребите на биогасната електрана досега веќе се засејувале 1.200 хектари во Овчеполието, а со новите површини на Полјоделство Ерџелија бројката ќе се зголеми на вкупно 2600 хектари квалитетно плодно земјиште, што беше најавено минатиот ноември.

,,Јас сакам да тргнам со еден нов концепт, кој во светот е препознаен и јасен, а тоа се вика земјоделско-енергетски комбинат. Ако порано ние сите знаевме што е земјоделско-индустриски комбинат,познатите ЗИК-ови што ги знаевме од времето на социјализмот, денеска тоа се менува и се вика ЗЕК“, рече Анѓушев кога го објави проектот пред седум месеци на одбележувањето на 20-годишнината од „Фероинвест“.

Фармата „Ерџелија“, отворена во 2006, е позната по тоа што располага со високообработлива земја и производството на млеко од крави, но и жита и сончоглед. Минатата година имала приход од околу еден милион евра со 15 вработени, иако имало и години кога резултатот во работењето бил подобар.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: