Нов црн рекорд во четвртиот ковид бран, нови случаи и во Велес

covid skopje

Нови два случаи на ковид-19 се регистрирани во Велес во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Тие се дел од 398 новозаразени кои се регистрирани во последното деноноќие на територијата на цела држава. Се зголемуваат и бројките на починати пациенти од коронавирус, откако во изминатите 24 часа се регистрирани четири жртви, од кои најмладата е 29-годишна жена.

Текстот продолжува под огласот

Zito akcija 640x289px

Во Велес во моментов има 10 активни случаи со ковид-19. Од нив, во ковид центарот на Инфективно одделение на велешката болница се хоспитализирани тројца пациенти, од кои еден е на кислородна поддршка.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Во последните 24 часа се направени вкупно 6383 тестирања, а најголемиот број откриени случаи се цо Скопје – 136, во Тетово – 86, во Гостивар има 46, во Куманово и Кичево по 23, во Битола се регистрирани нови 15 случаи, во Охрод и Струмица по 13 и во Дебар 10. Во останатите градови бројката е едноцифрена. Во Струга има 6 случаи, во Кавадарци 5, во Кочани 4, во Прилеп и Валандово по 3, во Велес, Штип, Свети Николе и Ресен по 2 и во Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод по 1.

Текстот продолжува под рекламата

Освен 29 годишната жена од Куманово, починати се уште и 49-годишен и 74г-годишен пациент од Куманово и 78-годишен жител на Гостивар. Во последното деноноќие регистрирани сe 18 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22840/vecherva-kino-pod-otvoreno-nebo-na-parkingot-pred-veleshkiot-teatar/