И во третиот натпревар пред домашна публика ракометарите на Борец не успеаја да победат. Подобри од нив беа ракометарите на Работнички со резултат 26:28.
Се играше брз ракомет,велешани имаа подобар старт , па по почетното надмудрување полека се одлепуваа на семафорот, за на полувреме веќе да имаат три голови предност 16:13. Вториот дел донесе друга слика на теренот. Домаќините тешко постигнуваа голови, а гостите тоа го користеа. До 45 минута велешани го контролираа резултатот, за да гостите израмнат и го превзедат водството кое не го испуштија до крај.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасни кај велешани беше Сиљанов со шест погодоци, додека кај гостите од Скопје се истакна Димевски со девет постигнати погодоци.
Можеби ќе ве интересира: