Нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии

avion
avion

Министерството за транспорт и врски го објави новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023 – 2025 година.

Zito akcija 640x289px

Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат следниве критериуми:

Agria

-Да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници

-Да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година

-Да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година

-Да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед:

-Период на oперирање на дестинацијата

-Број на неделни летови

-Атрактивност на аеродромот кон кој оперира

-Број на седишта понудени на продажба

 Во однос на износот на финансиската поддршка, таа ќе изнесува:

-7 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје

-4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 31 март 2023 година до 12:00 часот, во архивата на Министерството за транспорт и врски.

Јавното отворање на барањата за финансиска поддршка ќе се одржи на ден 03.04.2023 година во 12:00 часот.

Комисијата задолжена за спроведување на јавниот повик, составена од номинирани претставници од повеќе државни институции, стои на располагање во текот на времетраењето на јавниот повик за сите дополнителни информации.

Јавниот оглас е објавен во Службен весник и на веб – страницата на Министерството за транспорт и врски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: