Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои почнуваат да важат од полноќ.
Бензините повторно се зголемија за 1,5 односно 1 денар и сега малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 која се зголеми за 1,5 денари ќе изнесува 59,50 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за еден денар и сега ќе се продава за 61,50 денари по литар.
Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапе за 1 денар и ќе се продава за 50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) се зголеми за денар и изнесува 40 денари за литар.
Мазут М-1 НС ќе се продава за 24,886 денари по литар.
Можеби ќе ве интересира: