Нов смртен случај, нови заразени, но и излечени од коронавирус во земјава

Нова жртва на коронавирусот е регистрирана во земјава. Утрово на инфективната клиника во Скопје почина 79 годишен пациент од Дебар. Во меѓувреме регистрирани се нови 26 случаи на заразени во последното деноноќие. Засега, нема информација од кои градови се заразените. Со новите случаи, во Македонија има 285 заразени и седум починати од коронавирус.

Zito akcija 640x289px

Министерот Венко Филипче на својот профил на фејсбук објави и дека денеска од инфективната клиника во Скопје се испишани девет пациенти, кои се сметаат за излечени.

Agria