
Обедбезена е нова меѓународна помош преку ЕУ механизмот на цивилна заштита, за справување со пожарите кои беснеат на територијата на Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Хеликоптер од Србија утрово слета на скопскиот аеродром, а се очекува уште еден од Чешка со капацитет на ведро од 3 тона да пристигне вечерва. Германија најави испраќање на два ер трактори (AT802/2), за коишто дополнително ќе биде објавено времето на пристигнувањето.
Содржината продолжува под рекламата
На фан страниците на социјалната мрежа Фејсбук, по споделените апели за помош, утринава во 5 часот над 150 доброволци се пријавиле да го гаснат пожарот што гори во Пехчево. Aпелите се споделени преку неколку страници што објавуваат информации од источниот регион.
Можеби ќе ве интересира:
- Приведен велешанец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
- Уапсен велешанец за грабеж на жена на улица „Христо Татарчев“
- Продолжува топлото време, температури до 39 степени
- Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје
- Мицкоски: Секаде на Балканот e сезона на пожари, но сега ќе бидеме поподготвени